Преку проектот „Едукон“ уште еден семинар за музејски работници


Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа петиот семинар од проектот „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот.
На семинарот со наслов „Кон пристапни музеи“ предавач беше Милена Милошевиќ Мициќ, мср историчар на уметност, која работи како музејски советник во Роднокрајниот музеј во Књажевац. На сесиите се обработуваа повеќе теми:
- Пристапност на музеите- желба или можност
- Пристапност – права и обврски
- Сензибилизација, едукација и соработка
- Социјален модел
- Анализа на пристапноста на музејот
- Физички и интелектуални бариери – како да се надминат
- Како ги доживуваме музеите – искуства
- Ве молиме не ги допирајте експонатите– тактилно искуство во музејот
- Звук, мирис, вкус - елементи на сеќавање
- Достапни low cost-no cost решенија
- Дигитални алатки за унапредување на пристапноста
- Иновативен пристап и инклузија
На семинарот учество зедоа 10 музејски работници, кои до сега имале искуство во работата со лица со попречености и оние кои допрва треба да работат со овие посетители.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN