МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И ЦЕНТРОПА ОДРЖАА СЕМИНАР ЗА НАСТАВНИЦИ


Со почитување на Ковид- мерките во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија од 3 до 5 декември се одржа меѓународен семинар за наставници од основните и средни училишта. Освен од нашата земја, учество зедоа и наставници од Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Словенија. Насловот на семинарот беше „За оние кои го кренаа својот глас за време на холокаустот“, а учество зедоа 30 наставници.
Воведни обраќања имаа: Горан Садикаријо директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Д-р Георг Вуцас – Амбасадор на Република Австрија во Република Северна Македонија, Лиса Вишман од Амбасада на САД Скопје и Едвард Серота директор на „Центропа“ од Виена.
Во програмските активности наставниците имаа можност да ја проследат промотивната презентација на книгите „Куферот на Хана“ и „Изброј ги ѕвездите“ во издание на Фондот на холокаустот и издавачката куќа Арс Ламина. Гледаа филмови на „Центропа“ од кои произлегоа презентации за примена на филмот во наставата, проследија презентација за примената на дигиталните алатки во наставата и беа запознаени со меѓународниот проект на наставници од Северна Македонија и САД: „Bullying Stories “. Учесниците имаа можност да ја погледнат и постојаната поставка во Меморијалниот центар на холокаустот, а научија и како се одбележуваат празниците Шабат и Ханука.
Семинарот беше поддржан од Aмбасадата на САД во Скопје, Австриската амбасада во Скопје и Claims Conference.
 

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN