МИСИЈА

Врз основа на Законот за Здруженија на граѓани и фондации (Сл. Весник на РМ, бр.31 од 02.07.1998 год.), и член 16, а во врска со член 10 од Статутот на Фондацијата Фонд на холокасутот на Евреите од Македонија Управиот одбор на Фондацијата на ден 01.07.2002 година ја донесе следната:

Програма за работа на Фондацијата: Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија е Фондација основана на ден 23.04.02, со одлука на Влада бр.23-2112/1 од 23.04.02 година, а врз основа на законот за денационализација на РМ (Сл..в.20/98,31/00 и пречистен текст, 43/00).

Фондот се основа за да се остварат програмските цели и задачи, врз онова на Статут, а согласно со Уставот, Законот и Одлуката за основање. Фондот е независна, неполитичка непартиска, доброволна и јавна организација, со својство на правно лице.


ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Основна цел на Фондот е:

Да овозможи преку наменска денационализација, имотите на Евреите на територијата на РМ, кои што тие ги напуштиле со присилна депортација во фашистичките логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници не останат во сопственост на државниот имот, туку тој имот да се стави во функција на трајно обележување на холокаустот на Евреите во Македонија. Учество во изградба на Македонскиот Меморијален Центар на холокаустот на Евреите од Македонија; Одржување на Центарот, управување и раководење со неговата работа и активности.

Други цели на Фондот се:

Негување на Еврејската култура и традиција и проучување на животот и работата на Евреите на овие простори со организирање на предавања, семинари и други активности од оваа област; Заштита и ревитализација на Еврејските споменици; Собирање на историски материјали и податоци за Евреите на овие простори; Понатамошно унапредување на односите помеѓу сите граѓани на Македонија со еврејскиот народ во светот, како на пример за братство и хармонија на народите и спречување на деструктивни појави, како што се расизмот, антисемитизмот и шовинизмот.

Основни задачи на Фондот се:

Истражување на имињата и презимињата на Евреите, кои што ги напуштиле своите имоти на територијата на РМ, преку присилна депортација во фашистичките логори, а не го преживеале погромот и немаат наследници; Истражување и прибирање на потребните податоци за имотите на овие Евреи. Прибирање на имотите од претходниот став во основните средства на Фондот.

Други задачи на Фондот се:

Организирање и помагање на духовни, културни и интелектуални дејности со еврејска тематика, како и творештвото воопшто; Учество во публикации и научни трудови на тема меѓунационална и меѓуконфесионална толеранција и соживот; Развивање на форми на ангажирање и учество на Граѓаните Евреи и нивните друштва во севкупниот јавен живот; Одржување на споменот на Еврејскиот холокауст, со цел да се спречат слични геноциди и страдања; Одржување на сеќавањата на Евреите во Македонија, нивната традиција и нивниот двомилениумски придонес во сите сегменти на заедничкото живеење; Други цели и задачи, согласно Законот и Статутот. За постигање на своите цели и задачи Фондот својата работа може да ја координира, како и да соработува со сродни фондации, организации, институции, физички и правни лица во нашата држава и странство.

Чл.10

Фондот своите цели и задачи ги реализира преку:

Прибирање на податоци и информации за потребите на Фондот, а во соработка со државните институции и органи, научни институции, Архиви, ДЗГР-одделенија за премер и катастар, МАНУ, факултети и слични организации како и стручна помош од Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и други. Организирање на советувања, семинари, конференции, изложби, претстави, проекции и слично; Публикување на повремени печатени материјали, публикации и слично, Стипендирање на ученици и студенти во областа на човековите права и слично со посебен фокус на меѓуетничката и меѓуконфесионална соработна, разбирање и соживот. Меѓународна соработка по сите горенаведени основи, а согласно позитивните законски норми. Превземање на други активности заради остварување на програмските цели и задачи.