Едукативен семинар за професори „Холокаустот како почетна точка: споредување и споделување“

Oд денеска па до 28.03.2019 во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржува едукативен семинар со наслов „Холокаустот како почетна точка: споредување и споделување“. Семинарот е наменет за професори од основни и средни училишта од Македонија, Србија и Албанија кои предаваат историја, граѓанско образование и запознавање со религии. Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија го организира овој семинар во соработка со Меморијалниот центар на холокаустот во Париз.

На свеченото отворање на семинарот се обратија директорот на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикаријо, Амбасадорот на Франција Н.Е. Кристијан Тимоне, директорот за меѓународни односи на Меморијал де ла Шоа Бруно Бојер и координаторот на Македонија во ИХРА, Јован Теговски.