Европските денови на културнотo наследство

Европските денови на културнотo наследство претставуваат нajшироко прифатен настан од културата кој што го споделуваат граѓаните на Европа, па и ние. Во педесетте земји – потписнички на Европската културна конвенција, оваа европска иницјатива има за цел да ја подигне свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. Во текот на повеќедецениската реализација, оваа манифестација прерасна во најголем европски проект поврзан со наследството. Темата на овогодинешното издание на Европските денови на културното наследство во нашата земја, како и во повеќето европски држави, е „Културното наследство и училиштата“. Фондот на холокаустот на Евреите од Република Северна Македонија ја збогатува програмата со документарна сторија со наслов „ Македонска хроника: Приказната за сефардските Евреи на Балканот“. Приказната зборува за семејниот и верскиот живот на Евреите на овие простори, животот на еврејските општини, јазикот и културата, нивното учество во општествениот живот и современото образование и создава слика за тоа како живееле Сефардските Евреи на Балканот. Вториот дел е посветен на најтемниот дел од историјата на Евреите во 19 век, холокаустот во кој беа уништени 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка. Училиштата можат да го користат филомот во наставата, превземајќи го од следниов линк https://www.youtube.com/watch?v=hi1wgCzDa9w&feature=youtu.be&fbclid=IwAR3RSslHuJ77GcLv0fkov14dh3rGJj7rrdWYu9iN9ZiYJ9PqOfp2EvHvzF4