ИЗДАВАЊЕ НА КНИГАТА „УЧИТЕЛОТ И СОГОВОРНИЦИТЕ“ ОД Д-Р ЕЛИЕЗЕР ПАПО

Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Еврејската заедница во Република Македонија ја издадоа книгата „Учителот и соговорниците“ од д-р Елиезер Папо од Израел.

Книгата „Учителот и соговорниците“ претставува збирка постисториски приказни со домашни задачи, поделена во пет часа и четири одмора.

Промоцијата на книгата се одржа на 24 април 2016 година во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.