Изложба „Ана Франк – Историја за денес“ на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје

По повод сеќавање на трагичниот настан „Кристална ноќ“, во саботата (09.11) Младински образовен форум - МОФ отвори изложба „Ана Франк – Историја за денес“ на плоштадот „Филип Втори“ во Скопје. Изложбата беше составена од триесет и девет изложбени панели кои ја раскажуваат приказната за Ана Франк, но истовремено раскажуваат за Холокаустот и Втората светска војна, како и седум панели за домашните случувања во периодот по Втората светска војна до денес. Досега, изложбата беше поставена во 22 градови, а ја посетиле повеќе од 19 илјади посетители. Изложбата во Северна Македонија е изработена и донесена во рамки на проектот „Хисторија, Историја, Повјест – Лекции за сегашноста“ кој е поддржан од Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија,Европска унија, Министерство за надворешни работи, Министерството за култура, Министерството за образование и наука и Амбасадата на Кралството Холандија.