Изведба на проектот „Ем башка, ем барабар“

На 22 април 2016 година по втор пат беше реализиран проектот „Ем башка, ем барабар“ под покровителство на Комисијата за односи со верски заедници во Р. Македонија. Во проектот учестуваа училиштата „Блаже Конески“, „Ѓорѓија Пулевски“ и „Никола Вапцаров“, а проектот беше реализиран под главно менторство на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.