Комеморативните активности за 11 Март само со членовите на Еврејската заедница

По соопштението на Владата на Република Северна Македонија за продолжување на препораката за неодржување на масовни собири до 13 март 2020 (петок), Еврејската заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија ја откажуваат програмата за 11 Март, комеморативниот ден на холокаустот на македонските Евреи. Комеморативните активности ќе се одржат само во рамките на заедницата и нема да бидат отворени за јавноста.