Одбележан Јом Ашоа и отворена изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“

На 24 април 2017 Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија го одбележаа Јом Ашоа – Националниот комеморативен ден на холокаустот, во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот. Комеморацијата се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со палење на шест меморијални свеќи и отварање на изложбата „Холокаустот низ призмата на детските очи“, дел од проектот „Еврејската традиција, култура и историја, како дел од македонското мултикултурно општество“ во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Фондацијата Конрад Аденауер.