Одбележани 77 години од депортацијата на македонските Евреи

Годинава програмата беше скратена и прилагодена согласно препораките на Владата за неодржување на масовни собири поради корона вирусот. На полагањето цвеќе во Монополот, каде што беа собрани Евреите од Македонија во 1943 година, присуствуваше делегација од официјални претставници од Еврејската заедница и Фондот на холокаустот.Делегациите положија цвеќе и на Еврејските гробишта во Бутел, каде на присутните им се обрати претседателката на Еврејската заедница во Македонија - Берта Романо Николиќ. Иако посетата и полагањето цвеќе пред спомениците на холокаустот во Битола и во Штип беа отворени само за членовите на заедницата, сепак самоиницијативно се приклучија градоначалниците на Битола и Штип, советници, директори и други граѓани.

1

2