Одбележување на Јом Ашоа и промоција на книгата „Ноќта“ од Ели Визел

На 12 април 2018 година, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, беше одбележан Јом Ашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел којшто се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот. Исто така, беше и промовирана книгата „Ноќта“ од Ели Визел, писател, професор, активист и добитник на Нобелова награда. Оваа книга, на еден автентичен начин го опишува холокаустот низ очите на авторот, кој авторот, како 15 годишно момче го преживеал холокаустот во Аушвиц. Книгата е во издание на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Арс Либрис (дел од Арс Ламина публикации), промотор беше проф. д-р Тодор Чепреганов.