Одржан шестиот годишен семинар за професори од Западен Балкан

Во периодот 4-6 мај 2018 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија сеодржа шестиот годишен семинар за професори од Западен Балкан насловен „Историјата на Евреите на Балканот и дигитално раскажување приказни“. Семинарот беше намемент за професори од основни и средни училишта и на него активно учество земаа професори од Македонија, Србија, Хрватска и Словенија. Овој семинар е заеднички проект на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Институтот за еврејска историја „Центропа“ од Виена, Австрија.

На семинарот учествуваа 55 професори и имаа можност да ги прошират своите знаења и да ги споделат нивните искуства и практики кои ги применуваат при холокауст едукацијата класовите.