Отворена изложба на фотографии „Патот на Сефардите“

На 05 јули 2019 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше отворена изложбата на фотографии „Патот на Сефардите“. Изложбата е составена од фотографии од 18 градови претставувајќи ги еврејските населби во Шпанија.

Изложбата се одржува по повод 25-годишнината од воспоставувањето на билатералните односи помеѓу Кралството на Шпанија и Република Северна Македонија, и истата е дел од програмата на „Скопско лето“.

Организатори на изложбата се Амбасадата на Кралството на Шпанија во соработка со Асоцијацијата на Еврејски Шпански Населби, Скопско лето, Еврејската заедница на Република Северна Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.