Отворена изложбата „Откријте го Сефарад“ во Штип

На 22 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип беше отворена патувачката изложба „Откријте го Сефарад“. Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad“ е создавач на оваа изложба која гостувала и во Берлин, Краков, Белград ,Токио и Скопје, а своето патување низ Македонија го продолжи,запирајќи на својата прва станица - Штип. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија. Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со амбасадата на Кралството на Шпанија во Македонија ја поставија оваа изложба на почетокот на јули годинава во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и договорија истата да патува низ неколку градови низ земјава. Изложбата во Штип ја отвори Жаклина Мучева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија, а посетителите ќе може да ја посетат до 07.11.2019, кога изложбата ќе го продолжи своето патување до Струмица.