Отворена изложбата „Собибор“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

По повод 75 годишнината од востанието на заробениците во логорот Собибор, Амбасадата на Руска Федерација во соработка со Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија на 16 октомври ја отворија изложбата „Собибор“ посветена на случувањата во логорот.

Востанието во логорот на смртта Собибор каде што беа убиени над 250 000 Евреи од цела Европа, советски воени заробеници и антифашисти се случи на 14 октомври 1943 година.

Во рамки на отварањето на изложбата се обратија и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија Н.Е. Сергеј Баздникин и главниот извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо.

Во рамки на овој настан беше прикажан и рускиот филм „Собибор“.