Отворена изложбата „Сведоштвата за битолските Евреи низ фотографското творештво на браќата Манаки“

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, а во организација на Еврејската зедница отворена е изложба на фотографии кои сведочат за животот на сефардската Еврејска заедница во Битола до Втората светска војна. Автор на изложбата е д-р Александар Манојловски, а промотор, новинарот и публицист Мишо Китановски. Повод за ова фотографско навраќање е 20 годишнината од Европските денови на Еврејска култура и 75 години од обновување на работата на Еврејската заедница во Македонија.