Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и НУ Музеј на Македонија

На 15 јануари 2019 година, во просториите на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и НУ Музеј на Македонија.

Со овој Меморандум за соработка се дефинираат активностите и модалитетите на соработка помеѓу двете институции. Меморандумот опфаќа низа активности меѓу кои взаемна размена на информации, знаења и искуства, истражување на холокаустот и борба против антисемитизмот, дискриминацијата, ксенофобијата и говорот на омраза. Воедно, во рамките на соработката планирано е размена на кадри со цел нивна едукација и унапредување на знаењата и искуствата, заедничко планирање, подготовка и организирање на конференции, дебати, трибини, тркалезни маси, семинари, работилници и други активности.

Меморандумот беше потпишан од претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Благоја Младеновски и директорот на НУ Музеј на Македонија м-р Гордан Николов.