Предавање на тема ,,Транс - Медитеранска и Транс - Атлантска природа на сефардската култура“ од професор др.Елиезер Папо

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија гостуваше професор др.Елиезер Папо од Центарот за ладино култура „Моше Давид Гаон“ при од Универзитетот „Бен Гурион“ во Бер Шева, Израел и одржа предавање на тема:,,Транс - Медитеранска и Транс - Атлантска природа на сефардската култура“. Извонредниот предавач и овојпат успеа да го задржи вниманието на публиката со нови податоци за преселбите и прилагодувањата на Евреите Сефарди, за сефрдската култура и традиција, за изградбата на синагогите и постанокот на обичаите и верувањата. Во пријатна атмосфера публиката го проследи предавањето кое беше зачинето со соодветен хумор во функција на истото.