Прифатена работната дефиниција за негирање и искривоколчување на холокаустот

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 10 март 2020година усвои заклучок со кој што ја прифати работната дефиниција за негирање и искривоколчување на холокаустот усвоена од страна на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот- ИХРА. Дефиницијата гласи : „Негирањето на холокаустот претставува дискурс и пропаганда кои што ја негираат историската востина и обемот на истребувањето на Евреите од страна на нацистите и нивните соучесници за вемем на Втората светска војна, попознато како холокауст или шоа“ Владата ги задолжи сите органи на државната управа и институции кои немаат статус на орган на државната управа работната дефиниција за негирање и искривоколчување на холокаустот да ја земаат предвид во случај на укажана потреба од нејзина примена, односно користење во работите од нивна надлежност.