Проектиран документарниот филм “Il Pane della Memoria” (Лебот на сеќавањето)

По повод 75 години од холокаустот на македонските Евреи, а по повод започнувањето на италијанското претседавање со IHRA (International Holocaust Remembrence Alliance), а во организација на Амбасадата на Италија во Македонија, Фондот на холоакаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија, на 14 март 2018 во Меморијалниот центар на холокаустот се проектираше документарниот филм“Il Pane della Memoria” (Лебот на сеќавањето), во присуство на режисерот г. Луиџи Фачини, како и продуцентот Марина Пиперно, една од малкуте што се спасиле за време на големата депортација на италјанските Евреи од Рим, во октомври 1943 година. Пред започнувањето на проекцијата, поздравен говор одржаа: г. Горан Садикаријо, главен извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија; г-ѓа Берта Романо Николиќ, претседател на Еврејската заедница во Република Македонија; Н.Е. Карло Ромео, Амбасадор на Италија во Република Македонија; г-ѓа Марина Пиперно и г. Луиџи Фачини, кои дадоа воведен дискусрз за самиот филм.