Промоција на зборник на научни трудови „Дипломатијата и депортацијата на Македонските Евреи 1943“

На 8 март 2017 година во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија се одржа промоција на зборник на научни трудови „Дипломатијата и депортацијата на Македонските Евреи 1943“. Промоцијата се организира во рамките на комеморативната програма за одбележување на 11 март, денот кој пред точно 74 години ја одбележа темната страна на историјата на Евреите во Македонија. Реализирањето на меѓународната научна конференција „Дипломатијата и депортацијата на Македонските Евреи 1943“ и издавањето на зборникот на трудови беше во организација на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Дипломатски клуб Скопје, Институтот за национална историја и Интернационалната алијанса за сеќавање на холокаустот.