Промовирана документарната збирка „Деца на Војната“

По повод 70 години од завршувањето на Нирнбершкиот процес, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Амбасадата на Руска Федерација во Република Македонија денес, на 07 декември 2016 година ја промовирана документарната збирка „Деца на Војната“. За книгата денеска зборуваше рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак, кој истакна дека тоа се приказни од децата кои се најдоа во Ленинград кој беше под опсада, кои поминаа низ нацистичките конц-логори и гета, пред чии очи беа убиени нивните родители.

Книгата на англиски јазик ја издаде руската издавачка куќа „Аргументи и факти“ во 2016 година.

Амбасадата на Руска Федерација на Меморијалниот центар му подари 20 примероци од документарната збирка за библиотечниот фонд. Главниот извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикаријо истакна дека засега книгата ќе биде достапна за читателите само на англиски јазик во библиотеката на Центарот. Тој посочи дека ќе направат напор во соработка со Руската Амбасада и со министерствата за култура и за образование на Македонија книгата да се преведе и на македонски јазик.