Во Скопје стартуваше проектот Beit 2018-2019

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и оваа година е партнер на проектот „Европско сеќавање 2018-19 - Beit Project, Меморија и разновидност“. Денеска почнаа активностите во кои учество зедоа учениците од две скопски гимназии Орце Николов и Зеф Љуш Марку. Фокусот на проектот е да создаде тројна средба меѓу младите и 10-те одбрани европски градови. Средбите се со градот, со историјата, со „другите“ граѓани, луѓе со различно социо-економско потекло, различни култури вери или потекло. Преку експериментален процес, младите осознаваат дека „другиот“ не е препрека, туку предност за да добие поширока и подлабока свест за неговото општество. Преобразувајќи ги местата за наследство во образовни платформи за дијалог и дебата, учениците ги поврзува историјата и современите теми. Реализацијата на проектот за 2018- 2019 е во 10 градови: Скопје, Атина, Париз, Икселс, Брисел, Барселона, Марсеј, Софија, Ница и Букурешт. Активностите на денешната група продолжуваат утре.