ЗАВРШИ УЧИЛИШНИОТ ПРОЕКТ НА ФОНДОТ НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА И МЕМОРИЈАЛНИОТ ЦЕНТАР НА ХОЛОКАУСТОТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА „Холокаустот низ призмата на детските очи“

Поради вонредната состојба со вирусот COVID 19, оваа година конкурсот го реализиравме во поинакви услови, а и завршните манифестации ќе бидат изоставени. Ве информираме дека жири комисиите ги одбраа најдобрите творби во трите конкурси:

  1. Литературен конкурс
  2. Ликовен конкурс
  3. Дигитална содржина

Од пристигнатите литературни творби, жири комисијата ги одбра следниве три творби:

ПРВО МЕСТО Антониа Цветаноска, ООУ„ Гоце Делчев“ Битола, ментор - Емилија Прчкова

ВТОРО МЕСТО Сара Цветкова,ООУ „Мирче Ацев“ Скопје, ментор - Павлина Огненовска

ТРЕТО МЕСТО Давид Богојевски, ООУ„Александар Здравковски“ Јегуновце, ментор - Алѓелина Костовска

Жири комисијата оцени дека тројца ученици за своите творби треба да добијат специјална пофалница:

Емил Суботиќ, ООУ„ Коле Неделковски“, Скопје, ментор - Еуридика Гоља Симона Стојановска, ООУ„Христијан Карпош“, Куманово, ментор - Весна Алексова Симон Михајловиќ, ООУ„Гоце Делчев“, Скопје- Центар, ментор - Светлана Петровска

Од пристигнатите ликовни твроби, жири комисијата ги одбра следниве три творби:

ПРВО МЕСТО Борче Димовски, ОУ „Марко Цепенков“ - ст. Зелениково, ментор Жаклина Бошковиќ

ВТОРО МЕСТО Тања Војдиновска, ОУ „Григор Прличев“ - Охрид, ментор Мира Групчева

ТРЕТО МЕСТО Ријад Гегиќ, ОУ „Марко Цепенков“ - ст. Зелениково, ментор Жаклина Бошковиќ

Од пристигнатите дигитални содржини, жири комисијата донесе одлука да награди само едена дигитална содржина:

Група ученици од ООУ „Добре Јовановски“ Прилеп, ментор - Изабела Узуноска Црнеска Учениците се: Ивана Коцеска, Катерина Милевска, Џенифе Асаноска, Синди Салиоска, Давид Крстески, Сунај Џафероски и Исидора Николоска

Оваа година, завршна манифестација за жал нема да организираме. Наградените творби ќе бидат објавени на ФБ и ВЕБ страните на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија https://www.facebook.com/fondnaholokaustot https://holocaustfund.org.mk/mk

Сертификатите ќе бидат испратени по пошта за да можат учениците да ги добијат заедно со сведителствата. Наградените ученици од Скопје, на 22.06 од 9 - 15 часот ќе дојдат во Меморијалниот центар за да си ја подигнат наградата. Наградите за учениците од другите градови ќе им бидат пратени во училиштата. На сите учесници и наставници ќе им бидат доделени дипломи и благодарници за учество во проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“. Напомена: Сите ликовни творби, литературни и дигитални содржини остануваат во сопственост на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија

Ви благодариме за учеството и соработката, а на наградените им честитаме.