ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ТОЛЕРАНЦИЈА, ДИЈАЛОГ И СОРАБОТКА: ЕВРЕЈСКА ТРАДИЦИЈА, КУЛТУРА И ИСТОРИЈА, КАКО ДЕЛ ОД МАКЕДОНСКОТО МУЧТИКУЛТУРНО ОПШТЕСТВО“

Проектот „Толеранција, дијалог и соработка: еврејската традиција, култура и историја, како дел од македонското мултикултурно општество“ кој се реализираше во соработка со Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Фондацијата Конрад Аденауер заврши на 27 мај 2016 година.

Во проектот земаа учество основните училишта од Република Македонија, каде учениците се натпреваруваа во ликовен конкурс, литературен конкурс и конкурс на дигитална содржина.

На завршната манифестација, која се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, најдобрите беа наградени со сертификати и награди, а на останатите им се доделија благодарници. Притоа, првонаградениот ученик на литературниот конкурс ја прочита својата трворба, а присутните имаа можност да го погледнат и првонаградениот документарен филм.