Одржана меѓународна конференција под наслов „Евреите на Балканот: историја, општество и култура“


Во периодот од 29.09. – 02.10.2013 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите се одржа меѓународна конференција под наслов „Евреите на Балканот: историја, општество и култура“.

Оваа конференција беше во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Македонската академија на науките и уметностите, и Универзитетот „Бар Илан“ од Израел.

Свеченото отворање на конференцијата се одржа на 29.09.2013 година во просториите на Македонската академија на науките и уметностите, каде поздравен говор одржаа   академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите, д-р Шимон Охајон, директор на Дахан центарот при Универзитетот Бар Илан во Израел, Рабин Ели Бен Дехан, заменик министер за верски служби на државата Израел, Валентина Божиновска, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи, Неговата екселенција Јосеф Амрани, амбасдор на Држава Израел за Македонија, д-р Пинкас Халива, главен извршен директор на академскиот колеџ Ашкелон во Израел, Љиљана Мизрахи, почесен член на Управниот одбор на Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија, Горан Садикаријо, главен извршен директор на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и д-р Селим Јешуа Салти, основач на Центарот за ладино студии при Универзитетот Бар Илан во Израел.

На конферецијата земаа учество голем број на светски признати историчари и истражувачи од областа на сефардската историја, јазик и култура.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN