Професор Гидеон Греиф одржа предавање по повод 70 години од ослободувањето на Аушвиц


Преку моите предавања, шансите да се стане неонацист се нула. Секоја минута треба да зборуваме за холокаустот и да се сеќаваме на жртвите за да се спречат антисемитски дејства", вели Греиф.

Триста ученици од средното економско училиште "Васил Антевски - Дрен" вчера присуствуваа на предавање за холокаустот во Меморијалниот центар на Евреите. Предавањето го одржа професорот по современа еврејска историја од Израел Гидеон Греиф, кој дојде во Скопје по повод 70 години од ослободувањето на Аушвиц. "Досега сум им се обратил на половина милион млади луѓе во целиот свет. Целта е да не го заборавиме овој најцрн период во историјата на човештвото, иако малкумина сакаат да зборуваат за убиства. Меѓутоа, преку моите предавања шансите да се стане неонацист се нула. Секоја минута треба да зборуваме за холокаустот и да се сеќаваме на жртвите за да се спречат антисемитски дејства", вели Греиф. Греиф смета дека треба да се работи на воведување посебен предмет во училиштата за изучување на овој период од историјата. "Четири страници во книгите по историја се премалку за да се знае што се случило и како да се заштитиме во иднина. Иако е многу тешко, се надевам дека еден ден холокаустот ќе се изучува подетално", додаде Греиф. Тој им порача на средношколците да се спротивстават на антисемитските активности, за да не се повтори историјата. "Да бидат храбри индивидуалисти, а не кукавици. Треба да ги препознаат диктаторите и да се казнат најстрого. Само така ќе се заштитиме во иднина и ќе бидеме безбедни, а антисемитизмот ќе остане во историјата", рече Греиф. Предавањата во Меморијалниот центар се дел од соработката меѓу Еврејската заедница во Македонија и Израел.

Превземено од: Вест


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN