Одбележана годишнината од депортацијата на Евреите од Штип и Битола


По повод 79 годишнината од депортацијата на Евреите од Штип, делегација на Фондот на холокасутот и Еврејската заедница денеска положија цвеќе на споменикот на депортираните Евреи од овој град. На присутните им се обрати претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви кој ја истакна загубата и геноцидот на еврејска популација во Втората светска војна, депортацијата на 551 Евреи од Штип кои никогаш не се вратија во своите домови. Сите беа убиени во логорот Треблинка.
Во нивен спомен во 1985 година е подигнат споменик кој секоја година на овој датум е посетуван од малубројните потомци на преживеаните. Автор на ова дело е уметникот Методи Андонов.
Во Собранието на Град Штип, делегацијата беше примена од градоначалникот Иван Јорданов,каде беше изведена и пригодна програма.
Делегацијата од членовите на Еврејската заедница , Фондот на холокаустот, градоначалникот Јорданов и граѓаните на Штип беа дел од „Маршот на живите“ кој тргна од Општина Штип, низ улиците на градот до Споменикот на депортираните Евреи од Штип.
Делегацијата ги посети и Еврејските гробишта.
Како дел од комеморативните настани во Битола, пред споменикот на депортираните Евреи од Битола, на споменикот на Естреја Овадија Мара и пред Споменикот на паднатите борци во НОБ, цвеќе положија амбасадорката на Израел, Симона Франкел, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, градоначалникот Тони Коњановски, претставници на Советот на Општина Битола, Еврејската заедница на Република Македонија, конзуларните претставништва и други делегации. На Споменикот на жртвите од холокаустот, цвеќе положи и Шели Леви Друмар, внука на Евреинот Хаим Абраванел, првиот интернист во Битола, чие име денес го носи Здравствениот дом во градот.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN