НА 11 МАРТ ПРОДОЛЖИЈА КОМЕМОРАТИВНИТЕ НАСТАНИ ВО СКОПЈЕ


Делегации од Еврејската заедница, претставници на Владата, дипломатскиот кор, невладиниот сектор, пријатели на заедницата и граѓани положија цвеќе пред Споменикот на депортираните македонски Евреи во некогашниот скопски Монопол, кој бил привремен транзитен логор.
Цвеќе беше положено и пред Споменикот на депортираните Евреи на Еврејските гробишта и Споменикот на паднатите борци во НОБ на Градските гробишта Бутел. Централните комеморативни активности завршија со прием кај градоначалничката на Скопје Данела Арсова. На приемот присуствуваа членови на Еврејската заедница во Македонија, претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и амбасадорката на Израел во Македонија, Симона Франкел.
Амбасадорката на Израел, Симона Франкел, и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, изразија благодарност до градоначалничката Арсовска за почитта што секоја година Град Скопје му ја оддава на еврејскиот народ одбележувајќи го овој датум за да се запамети и никогаш да не се заборави.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN