Одржан семинарот „Музејска едукација- музејски калеидоскоп“


Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија започна со организација и реализација на интензивни семинари во рамки на меѓународниот проект „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија.
Целта на проектот е да се зголеми посетеноста во музеите, за повеќе категории посетители, преку десет обуки и семинари, за музејските професионалци од музеите во Скопје. Во текот на оваа година ќе бидат реализирани семинари на повеќе теми од областа на музејската едукација, маркетинг во музеите, пристапност и инклузија во музеите, интерпретација, развој на публика и др. во соработка со искусни предавачи од Балканот.
Првиот семинар е со наслов „Музејска едукација- музејски калеидоскоп“. На овој семинар предавачи се Слаѓана Велендачиќ, виш кустос-педагог, раководител на одделението за педагошка работа и односи со јавност и м-р Тијана Станковиќ Пештерац, виш кустос - археолог, директор на Музејот на Војводина, Нови Сад. Семинарот се одржува денеска и утре ( 09, 10 април) во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN