Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Општина Штип и Министерство за култура на Република Македонија


Денес во Штип беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Општина Штип и Министерството за култура на Република Македонија во присуство на амбасадорот на Држава Израел во Република Македонија, Н.Е. Дан Орјан.

Соработката подразбира изградба на пат до Еврејските гробишта, поставување споменик, како и реставрација и конзервација на Еврејските гробишта.

Согласно Меморандумот, Општина Штип се обврзува да изгради пат и да спроведе електрична енергија до Еврејските гробишта, како и да обезбеди служба за заштита и одржување. Поставувањето на две влезни капии, бекатон, изградба на споменик, камери, и оградување со метална ограда ќе го обезбеди Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија заедно со Еврејската заедница во Република Македонија.

Министерството за култура преку националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Штип ќе ја реализира конзервацијата на Еврејските гробишта, согласно проектот усвоен од Управата за заштита на културното наследство и издаденото конзерваторско уверение, во согласност со Законот за заштита на културното наследство.

Оваа соработка е од културно – историско значење што ќе придонесе за негување на споменот на културата, историјата и животот на Евреите во Штип.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN