Одбележување на Јом Ашоа и отворање на изложбата ,,Холокаустот низ призмата на детските очи“


Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница во Република Македонија го одбележаа Јом Ашоа – ден за сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и на шесте милиони Евреи убиени во холокаустот.

Комеморацијата се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало, со пригодна програма која започна со полагање цвеќе пред споменикот на депортираните Евреи на платото пред Меморијалниот центар. Пригодно обраќање имаше генералниот секретар на Еврејската заедница, Јана Ничота, а шесте меморијални свеќи ги запали претседателот на Фондот на холокаустот на Евреите, Благоја Младеновски.

Беше отворена и изложбата ,,Холокаустот низ призмата на детските очи“ која претставува дел од истоимениот училишен проект кој е составен од изработување на ликовни дела, пишување литературни творби и изготвување на кратки документарни филмови. Изложбата ја отвори координаторот на проектот, Маја Суша, а сите заинтересирани можат да ги погледнат 65 -те ликовните трудови на учениците до крајот на месецот мај.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN