Македонска хроника: Приказната за Сефардските Евреи на Балканот


Автори: Мајкл Беренбаум, Марк Коен, Џејн С.Гербер, Михаил Хелд, Ицак Меис, Елиезер Папо, Едвард Серота

Издавач: Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија

Година: 2011

Јазик: македонски, англиски

ISBN: 978-608-65129-2-7

Број на страни: 144

„Македонска хроника - Приказната за Сефардските Евреи на Балканот“ ја опфаќа историјата, културата и традицијата на сефардските Евреи почнувајќи од нивното протерување од Иберискиот Полуостров во 15 век и насеување во Османлиската Империја. Опфаќајки го семејниот и верскиот живот на Евреите на овие простори, животот на еврејските општини, јазикот и културата, нивното учество во општествениот живот и современото образование создава слика за тоа како живееле Сефардските Евреи овде. Вториот дел е посветен на најтемниот дел од историјата на Евреите во 19 век, холокаустот во кој беа уништени 7144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN