Евреите во Македонија за време на Втората светска војна


Автор: Мајкл Беренбаум

Издавач: Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија

Година: 2016

Јазик: македонски, англиски

ISBN: 978-608-65129-5-8

Број на страни: 92

Во публикацијата Евреите во Македонија за време на Втората светска војна се содржани историски податоци за улогата на Бугарија во однос на Евреите како и бугарската окупација на Македонија.  Пратејќи го хронолошкиот след на настаните го опфаќа конечното решение на еврејското прашање, депортациите на Евреите од Македонија и Тракија во логорот на смртта Треблинка, како и спасувањето и отпорот на оние Евреи кои успеале да ги избегнат депортациите. Влучително и преку извадоци од сведоштва на преживеани опфатен е и крајот на војната и возобновувањето на заедниците.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN