ВИДОВИ ЛОГОРИ

Како дел од нацистичкиот систем за репресија врз населението како во Германија, така и во окупираните земји во Европа, бил развин цел систем на притисок, контрола и убиство на противниците на нацизмот меѓу кои биле Евреите, Ромите, воените заробеници, комунистите и други групи кои од страна на нацистите биле означени како непожелни. Во овј систем на репресија биле развиени повеќе облици на логори. Концентрационите логори биле места за собирање и затворање на противници на нацизмот без судење. Често сместувани во нехумани услови, со минимум стандарди за живот биле изложени на долги часови тешка физичка принудна работа, брутален третман, тортура и понижување, а како резултат на зарази и болести, глад и лошиот третман во кој живееле затворениците, многумина починале. Затворениците во овие логори носеле пругасти униформи и стари чевли. Во логорите биле изградени мали бараки во кои биле поставени дрвени кревети, често и до четири спрата во висина, а во една барака имало сместено и по 400 затвореници. Проценето е дека околу 1 000 000 затвореници во концентрациони логори умреле за време на холокаустот. Во нацистичка Германија после 1933 година и ширум Европа од 1938 до 1945 година концентрационите логори станале нацистички начин на контрола на противниците. Целта на концентрационите логори била да ги чува затворениците на едно место. Уште во 1933 година започнал со работа концентрациониот логор Дахау, во близина на Минхен, а во 1938 година, по анексијата на Австрија започнале со работа и концентрационите логори Бухенвалд и Зашенхаузен (Заксенхаусен). Целта на овие логори била заплашување и елиминација на политичките, социјалните и културните движења кои се спротивставвале на нацистичкиот режим. Во следните години биле отворени и други концентрациони логори, а најпознат бил логорот Аушвиц. Во многу од концентрационите логори нацистите изградиле или имале во план да изградат гасни комори во кои ги убивале оние затвореници кои биле оценети како слаби или болни. Во гасните комори биле убивани и помали групи на затвореници како полски затвореници од движењето на отпорот, советски војници и други. Гасни комори биле изградени во логорите Матхаузен, Зашенхаузен, (Заксенхаусен). Штудхов, Аушвиц 1, Равензбук (Равенсбрук) и Лублин-Мајданек. Исто така, во многу од логорите од страа на медицинскиот персонал биле извршувани и медицински експерименти врз затворениците. Екстерминационите логори (Центри за убивање) или логори на смртта се израз на нацистичкиот злокобен план наречен „Финално решение“. Главната цел на овие логори кои функционирале во приодот од 1941 до 1945 година, било масовно, планско и систематско убивање на Евреи, Роми и други неариевски малцинства, а нивото на убивање луѓе било доведно до индустриски размери кои во периодот 1943-1944 година стигнале до 6 000 убиени луѓе дневно. Во логорите на смртта луѓето биле убивани веднаш по пристигнувањето. Најголем дел од овие логори биле лоцирани на територијата на тогашна окупирана Полска од страна на нацитичка Германија, а во оваа група на логори спаѓале Челмно (Хелмно) 1941-1945 година, Белзец 1942 година, Собибор 1942-1943 година, Треблинка 1942-1943 година, Мајданек 1942-1944 година, Аушвиц - Биркенау 194-1945 година. Најстариот логор основан уште кон крајот на 1941 година бил Челмно, (Хелмно) со цел убивање на Евреите од гетото Лоѓ. По пристигнувањето во логорите луѓето најпрво биле селектирани, им била одземана облеката и личните работи, а потоа биле упатувани кон гасните комори за кои им било кажано дека се тушеви за дезинфекција. Жртвите во овој логор биле убивани со јаглероден моноксид и биле закопувани во масовни гробници. По конференцијата од Ванзе во јануари 1942 година започнале со работа и екстерминационите логори Треблинка, Собибор и Белзец. Во овие логори исто така функционирале гасните комори во кои биле убивани луѓето со јаглероден моноксид. Логорот Мајданек бил ставен во функција во 1941 година, а по Ванзе конференцијата прераснал во екстерминационен логор со принцип на работа со гасни комори и крематориуми. Аушвиц - Биркенау бил комплекс на логори сочинети од концентрационен логор, логор за принудна работа и екстерминационен логор. На овој лого биле надоврзан повеќе од 40 помали логори. Во овој логор како метод на убивање бил користен смртоносниот гас Циклон Б. За време на холокаустот во екстерминационите логори биле убиени повеќе од 3 000 000 луѓе или вкупно околу 46% од еврејскит жртви за време на холокаустот.

Логорите на смртта не постоеле од самиот пчеток на холокаустот, но биле подоцна развиени од повеќе причини: тие биле најефикасен начин за убивање на голем број на луѓе, овозможувале со минимален број на војници да убијат огромен број на луѓе, за масовните убиства биле запознаени мал број на војници и заради тоа што неки од СС војниците кои биле дел од Einsatzgrouppe преживувале сериозни психолошки трауми поради стрелањата кои до тогаш ги извршувале.

Транзитните логори биле облик на логори во кои луѓето се задржувале кратко, како попатна станца до крјната депортација во логорите. Со експанзијата на нацизмот во Европа и нацистичките освојувања, нацистите во освоените земји ја вовеле расната и антисемиткс аполитика и основале голем број на транзитни логори во окупираните земји. За разлика од другите типови на логори, транзитните логори не биле раководени од СС единици, туку од нацистички локални колаборационисти.

Логори за принудна работа или т.н. Arbeitslager биле облик на логори во кои биле доведувани „источни и рабтници странци“ кои биле принудени да извршуваат тешка физичка принудна работа. Овие логори биле издвоени од конценрационите логори, а започнале со работа уште во 1937 година. Со зголемувањето на потребите за раст на воената нацистичка економиија се зголемила и потребата за бесплатна и принудна работна рака, а со инвазијата на источните земји се отворила можност за праќање во ваков тип на логори на илјадници нови потенцијални работници. И овие логори биле со лоши санитарни и сместувачки услови, недостаток на храна, медицински средства и облека, но на затворениците се гледало како ривремени работници кои секогаш можеле да бидат заменети. До крајот на војната повеќе од 14 000 000 луѓе поминале низ овие логори за принудна работа.

Логорите за воени заробеници биле наменети за сместување на заробени војници кои се спротивставувале на нацистичките освојувања во Европа. И покрај тоа што Германија била потписник на Женевската конвенција за воени заробеници не се придржувала кон условите пропишани со декларацијата и обезбедувала минимални услви за живот во овие логори.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN