Holocaust Fund of the Jews from Macedonia
  • Насловна
  • Новости
    • Публикации
    • Галерија
    • Видео
  • Фондација
    • За нас
    • Управен одбор
    • Меѓународниот консултативен одбор
    • Закон за денационализација
    • Мисија
  • Контакт

Holocaust Fund of the Jews from Macedonia

  • Насловна
  • Новости
    • Публикации
    • Галерија
    • Видео
  • Фондација
    • За нас
    • Управен одбор
    • Меѓународниот консултативен одбор
    • Закон за денационализација
    • Мисија
  • Контакт
Новости

Еврејството се враќа на Балканот

Еврејските групи на Балканот водат судски спорови за враќање на имотот

Од над два милиона во регионот останаа само околу 70.000 Евреи, засилени со илјадници Израелци-бизнисмени

Ханиоти – Атмосферата во клубот на плажата беше во најголем ек: луѓето танцуваа боси, флертуваа и нарачуваа ладни пијалоци. Добредојдовте на собирот за оживување на еврејската кулутра на Балканот. „Се обидуваме да размислуваме како младите. Од младите зависи дали тоа ќе се случи“, изјави Јаир Камаиски, еден од директорите на прогорамата за оживување на еврејската култура и религиозниот живот во најнестабилниот агол на Европа. Настанот, надгледуван од интернационална еврејска група, е еден од многу кампањи да и се помогне на еврејската заедница во поранешниот Источен блок и на другите држави како Грција и Турција. Меѓутоа, стилот на оваа програма поставува нов курс, за своја цел ја има специфичната демографска група – млади и влијателни професионалци или како што еден учесник тоа го опиша „јапи со капчиња на главите“. „Овие луѓе имаат енергија и интерес да го предводат оживувањето на еврејската култура“, изјави Камаиски за време на тридневната средба позната како „гешер“, хебрејски за „мост“, во мај во едно туристичко селце на крајбрежјето на Грција.

Тоа беше мешавина на пролетен распуст, духовно засолниште, културно зануркување и обемно користење на врски. Музиката што се слуша од хотелскиот базен е од рапот на „50 сент“ до израелски народни песни. Меѓурелигиозните бракови и емиграцијата многу ги намалија евреските заедници на просторот од реката Дунав до Егејското и Црното Море, оставајќи ги со население кое брои од 15.000 во Романија до 250 во Македонија. „Секако дека се надеваме да поттикнеме малку романтика“, соопшти Орнике, канцеларија за врски за Комитетот за еврејска заедничка дистрибуција, со седиште во Париз, која раководи со балканскиот проект со финансиска помош од Фондацијата „Хари и Џанет Вајнберг“ со седиште во Овингс Милс, Мериленд. „Претпоставувам дека можете да кажете дека основата за какво било оживување е еврејски двојки да воспитуваат еврејски деца со еврејски традиции“.

Еврејските групи на Балканот водеа судски спорови за враќање на имотот кој порано бил сопственост на жртви на холокаустот или бил конфискуван од властите. Во еден од најпознатите случаи, највисокиот суд на Бугарија во мај почна судски процес по тужбата поднесена од еврејска организација за речиси половина од сопственичките права на еден познат хотел во Софија. Во 1943 година бугарската влада конфискувала најголем дел имот на Евреите, вклучувајќи го и еврејското училиште кое порано било на местото на хотелот. Исто така, постојат загрижености за потхранување на антиеврејското чувство, од страна на екстремистички групи како српската „Национален поредок“, неонацистичка фракција и грчката ултранационалистичка „Златна зора“.

„Да, тука има стари предрасуди и верувања за Евреите“, вели д-р. Алек Оскар, 26-годишен невролог во Софија, Бугарија, средиште на речиси 7.000 преостанати Евреи во земјата. „Но, ние не сакам да гледаме кон минатото. Се трудиме да креираме нов модел и нова мрежа за Евреите на Балканот“. „Шалом“, групата што Оскар директно ја помага, почна со бизнис курс за тинејџери и интернет кафуле. Волонтери учествуваа во програмите за пружање помош на сиромашните, како Ромите, една од најдискриминираните групи во регионот. И тие беа цел на ужасите на холокаустот. „Нашите искуства ни покажаа како е да се биде прогонето малцинство“, изјави Оскар.

Јудаизмот е присутен на Балканот уште од античко време, но големата имиграција почна кон крајот на 15 век, кога Евреите беа протерани од христијанска Иберија и се упатија кон европските упоришта на Отоманската Империја, каде што муслиманските владетели главно беа потолерантни. До почетокот на 20 век имаше повеќе од два милиони Евреи на Балканот и некои градови, како Солун, се сметаат за важни центри на еврејската култура и трговија. Холокаустот збриша цели заедници па дури и во местата кои беа поштедени од тој ужас, а поствоената имиграција во Израел и САД ја намали популацијата. Оние кои останаа во советското опкружување се најдоа под голем притисок да ги напуштат еврејската култура и традиции. Денес, се проценува дека на Балканот има околу 70.000 Евреи, покрај илјадниците Израелци кои почнаа да пристигнуваат во деведесеттите години во потрага по бизнис можности. „Цела еврејска култура на Балканот со децении полека се искоренува. Во многу места, има Евреи но и нема еврејски начин на живот“, вели Крис Езри (21), организатор во еврејската заедница во Орадеа, Романија, каде што групите се надеваат дека ќе ја обноват градската синагога која е стара неколку векови. „Треба да се потпреме на сеќавањата“.

На средбата младите еврејски лидери ги опишаа и другите проекти, вклучувајќи го и оној за обука на рабини во Србија и плановите за Еврејскиот центар во Скопје, Македонија. „Ние се гледаме себеси како феникс“, вели Лела Садикарио, 24-годишна лидерка на еврејската заедница од Скопје. „Ќе се воздигнеме од пепелот“.

 

Преземено од:  Утрински Весник, понеделник 19 јуни 2006

Предходен
Холокаустот не е само минато
Следен
Соопштение за јавност

Поврзани

Пораките на виножитото

19/09/2003

Скопје им должи споменик на Евреите

18/03/2006

Македонскиот „Јад вашем“ ќе потсетува на срамното погубување...

02/09/2005

ЗАВРШНА МАНИФЕСТАЦИЈА НА ПРОЕКТОТ „ТОЛЕРАНЦИЈА, ДИЈАЛОГ И СОРАБОТКА:...

27/05/2016

Холокаустот во Треблинка не им ја сотре трагата

16/10/2006

Трибина за македонскиот холокауст

07/03/2003

Да се памети!

14/03/2003

Холокаустот никогаш да не се повтори

12/03/2004

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на сеќавање на...

27/01/2018

Отворена изложбата „ДОБРИТЕ САМАРИЈАНИ ОД МАРКОВА“

17/03/2016
  • македонски јазик
  • English
Facebook Twitter Youtube RSS

Последни објави

  • Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
  • Одржан едукативен семинар за професори по историја „Холокаустот како почетна точка: споредување и споделување II“
  • Одржана регионална конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“

Архиви

Локација

Работно време:
Понеделник – Петок 08:30 – 16:30

Контакт:
Тел: +389 2 3298 025
Факс: +389 2 3232 310
e-mail: info@holocaustfund.org

Адреса: Самоилова 2, Скопје 1000
Македонија

Facebook Twitter Youtube

@ 2018 - All Right Reserved.