Holocaust Fund of the Jews from Macedonia
  • Насловна
  • Новости
    • Публикации
    • Галерија
    • Видео
  • Фондација
    • За нас
    • Управен одбор
    • Меѓународниот консултативен одбор
    • Закон за денационализација
    • Мисија
  • Контакт

Holocaust Fund of the Jews from Macedonia

  • Насловна
  • Новости
    • Публикации
    • Галерија
    • Видео
  • Фондација
    • За нас
    • Управен одбор
    • Меѓународниот консултативен одбор
    • Закон за денационализација
    • Мисија
  • Контакт
Новости

„Дипломатијата и депортацијата на македонските Евреи во 1943 година“ научна конференција со која се одбележа Меѓународнот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот

Министерството за надворешни работи заедно со Меѓународната Алијанса за сеќавање од холокаустот, Институтот за национална историја, Дипломаткиот клуб од Скопје и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, денес го одбележаа Меѓународниот ден на холокаустот со научна конференција на тема „Дипломатијата и депортацијата на македонските Евреи во 1943 година“.

Конференцијата ја отвори министерот за надворешни работи Никола Поповски, амбасадорот на држава Израел во Република Македонија Дан Оријан, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите Владо Камбовски и претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија Пепо Леви, а свое учество земаа научници од Република Македонија и од повеќе земји во Европа.

Трагедијата на Евреите стана трагедија на човештвото и таа не смее да се заборави, порачаа дипломатите на денешната конференција посветена на дипломатијата и депортацијата на Евреите од Македонија во 1943 година. Со овој настан сакаме да им оддадеме почит на 7.144 Евреи од Македонија кои во 1943 година беа депортирани и убиени во концентрациониот логор Треблинка, но во исто време да им оддадеме почит на сите жртви на холокаустот, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски.

„Наша обврска е заеднички да работиме на утврдување на улогата на дипломатијата и дипломатите во тие настани за да можеме на денешните и на идните генерации да им ја претставиме вистинската слика, а со цел никогаш повеќе да не дозволиме такви или слични настани да се повторат“, вели Поповски.

Во својот емотивен говор пред присутните, израелскиот амбасадор во земјава, Дан Оријан, рече дека е голема улогата на дипломатите и дека кога тие се наоѓаат на вистинското место и во вистинското време, можат да спасат многу животи. Иако некој мисли дека антисемитизмот повеќе не постои, мора да погледне што се случи неодамна во Франција и други земји во Европа за да сфати дека не е така, рече Оријан..

„Луѓето гледаат што се случува во Сирија каде што има илјадници мртви. Тука се организациите како Исламската држава, Боко харам, насилство коешто е тешко да се сфати. Ова се работи што се случуваат со години, но гледаме антисемитизам и овде во Европа и не смееме да ги затвориме очите пред тоа, не можеме да кажеме ќе помине“, вели Оријан.

Претседателот на Управниот одбор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Пепо Леви, се потсети на 27 јануари 1945 година, кога бил ослободен концентрациониот логор Аушвиц Биркенау, кој проголта милион и сто илјади Евреи, 19 илјади Роми и 83 илјади Полјаци.

„Денес во поедини делови на светот, па и во срцето на прогресивната Европа да бидеш Евреин повторно почнува да биде опасно. За жал идеите за уништување на Евреите сè уште постојат. Светот не успеа да ги спаси Евреите, една третина од еврејската популација е уништена“, изјави Леви

Тој истакна дека еврејската заедница е особено горда на фактот дека односите меѓу Македонија и Израел се добри и се надева дека тие ќе се збогатуваат и ќе добиваат во квалитет, додека Евреите ќе бидат мост на разбирање и соработка меѓу двата народи.

Поранешниот претседател на Генералното собрание на ОН, Срѓан Керим, пак потенцираше дека геноцидот врз Евреите не смее да биде заборавен. Цивилизациските достигнувања не се мерат само со градење на гигантски електрани, мисии во вселената или роботиката. Неопходно е тие да се мерат и преку способноста и силата да и се погледне на историјата во очи и да се извлечат вистинските поуки од трагичните заблуди и фаталните грешки.

„Толеранцијата е кислородот на демократијата. Ако дозволиме да се загрозува и намалува, сами себе ќе се осудиме на примитивизам, малодушност и безнадежност. Токму затоа во секоја прилика мора да се каже одлучно не на сите нетолерантни, декадентни учења и идеологии“, вели Керим.

Денешната конференција имаше за цел да ги идентификува и да ги истражи односите меѓу државите и состојбите кои влијаеја на депортацијата на Евреите од Македонија и од другите земји.

 

Превземено од: Радио Слободна Европа

Предходен
Професор Гидеон Греиф одржа предавање по повод 70 години од ослободувањето на Аушвиц
Следен
Отворена изложбата „НОВИ СВЕДОЦИ НА ХОЛОКАУСТОТ“ во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

Поврзани

Нова ера во односите со Македонија

30/05/2007

Еврејска делегација на прием кај Претседателот на државата...

13/03/2006

Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот...

18/01/2019

Четврти годишен семинар за наставници по историја реализиран...

02/09/2017

„Спилиони“, претстава за Холокаустот на македонските Евреи

07/03/2003

Одржан шестиот годишен семинар за професори од Западен...

07/05/2018

Виктор Мизрахи: Во Македонија ниту имало, ниту ќе...

10/03/2003

Темели за Меморијалниот центар на холокаустот

01/09/2005

Формиран Фонд на холокаустот на Евреите од Македонија

06/03/2003

Евреите – жртви на безумието

06/03/2003
  • македонски јазик
  • English
Facebook Twitter Youtube RSS

Последни објави

  • Потпишан меморандум за соработка помеѓу Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
  • Одржан едукативен семинар за професори по историја „Холокаустот како почетна точка: споредување и споделување II“
  • Одржана регионална конференција „Справување со антисемитизмот и адресирање на безбедносните потреби на Еврејските заедници“

Архиви

Локација

Работно време:
Понеделник – Петок 08:30 – 16:30

Контакт:
Тел: +389 2 3298 025
Факс: +389 2 3232 310
e-mail: info@holocaustfund.org

Адреса: Самоилова 2, Скопје 1000
Македонија

Facebook Twitter Youtube

@ 2018 - All Right Reserved.