ВТОР НАГРАДЕН КОНКУРС „Раскажувам фотографија“


Фондот на холкауст на Евреите од Македонија по вторпат распишува конкурс за краток расказ инспириран од стари фотографии со наслов: „Раскажувам фотографија“

ТЕМА:

Секој петок, на ФБ страната на Фондот на холокаустот ќе биде објавувана фотографија која ќе биде позврзана со животот на Евреите во Македонија. Фотографијата ќе биде лајтмотив за расказот. Во расказите треба да доминираат случувања од животот на Евреите во Македонија во минатото.

Прифатливи ќе бидат раскази кои можат да придонесат кон подобро разбирање меѓу луѓето, кон искоренување на омразата и разградување на предрасудите, раскази кои се бават со соочување со минатото, холокаустот, емпатија, раскази кои ги поместуваат границите и ни отвораат пат да градиме поизвесна, побезбедна и послободна иднина за сите.

Целта е да се поттикне продукцијата на краткиот расказ како форма што е многу популарна, современа и широко прифатена од читателската публика и која има длабоки корени во сефардската раскажувачка традиција.

ПРОПОЗИЦИИ:

– расказите да не бидат подолги од 100 реда
(три страници со новинарски проред или најмногу до 7.000 карактери )
– авторите можат да пишуваат на македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски или англиски јазик
– расказите да не биле досега објавувани

Право на учество имаат сите полнолетни лица, веќе афирмирани, но и оние кои досега немаат објавувано. Секој учесник може да учествува на конкурсот со најмногу три  раскази.

Ракописите треба да се испратат на: info@holocaustfund.org.mk со назнака: За конкурсот „Раскажувам фотографија“

ТРАЕЊЕ:

Конкурсот почнува со објавување на првата фотографија и тема, на 03.09.2021 година.

Последната, десета фотографија ќе биде објавена на  05.11.2021 година, а сите автори ќе можат да праќаат творби до 15.11.2021 година. 

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени на 10.12.2021, а наградите на добитниците ќе им бидат врачени на 26.12.2021 година - Ден на возобновување на Еврејската заедница во Македонија.

НАГРАДИ:

Прва награда - 25 000 денари

Втора награда - 15 000 денари

Трета награда - 10 000 денари

Фондот го задржува правото за објавување на наградените. Најдобрите раскази, според жири комисијата, ќе бидат објавени на ФБ страната на Фондот на холокаустот.

Сите учесници ќе добијат благодарница за учеството на конкурсот.

 

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN