Отворена изложба „Постер на мирот“


Дваесет детски цртежи во кои учениците од три скопски училишта, „Петар Поп Арсов“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и „Војдан Чернодрински“, го визуелизираа и сликовно го прикажаа мирот, поврзаноста и желбата за единство на луѓето во светот. Ова е заеднички проект на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Лајонс клубот „Свети Пантелејмон“ Скопје. Повеќе од три децении, Lions клубовите ширум светот спонзорираат многу посебен уметнички натпревар во училиштата и младинските групи. Создавањето постери за мир им дава шанса на децата насекаде да ги изразат своите визии за мир и да го инспирираат светот преку уметност и креативност. Оваа пандемиска година членовите на клубот „Свети Пантелејмон“ Скопје, изборот на цртежи ѝ го покажаа на публиката во меморијалниот дом на македонските жртви на холокаустот. Вистинско место каде се едуцира за мир, се негира злото и ја дели одговорноста за поддршка на идните генерации. Присутните ги поздрави Жаклина Мучева од Фондот на холокаустот, а изложбата ја отвори Маја Костовска, претседател на ЛК „Свети Пантелејмон“ Скопје. Изложбата ја посетија ученици, родители и наставници.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN