БАХАР МОИС


 

 Бахар Мојс е роден во 1921 година во Нови Пазар, Србија. По завршувањето на основното училиште најпрво го изучувал шивачкиот занает, по што продолжил да работи како шивач. По капитулацијата на Кралството Југославија во 1941 година се преселил во Скопје. Веднаш по неговото доселување во градот бил примен за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославвија. Како член на СКОЈ имал голема активност и илегално делувал меѓу младите луѓе и работел на омасовување на членството и превземање активноси за зајакнување на движењето на отпорот против окупаторите.

            Како резултат на неговата активност била формирана бројна скоевска организација сочинета од еврејски младинци, главно ученици во која покрај Мојс и неговиот брат Арон Бахар учествувале и Сара Сервеја, Сарина Бахар, Исидора Алтац, Злата Фрицханд и Сами Мизрахи. Како дел од активностите на оваа организација Мојс учествувал во растурање на пропаганден материјал, како и собирање на помош (финансиска помош, оружје и други материјални средства наменети за потребите на партизанското движење). Од март 1943 година во време на депортациите на Евреите од Македонија, Мојс Бахар преминал во илегала и се приклучил на партизанските единици во Западна Македонија. Учествувал во сите борби кои се одвивале на тој терен во 1943 година како и ослободувањето на Кичево и Дебар. На 6 октомври 1943 година во близина кај село Кленоец, кичевско партизанските единици на народноослободителното движење биле нападнати од здружените балистички и германски сили. Благодарение на доброто држење на борците и по цена на повеќе жртви, успеале да го отфрлат нападот. Во овие борби храбро загинал партизанот Бахар Мојс заедно со други десетина партизани. Во негова чест е именувана и улица во населбата Карпош во градот Скопје.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN