ОДБЕЛЕЖАН ЈОМ ХАШОА


Во Меморијалниот центар на холокаустот е одбележан Јом Хашоа (27 нисан по еврејскиот календар) национален комеморативен ден во Израел. Секаде во светот овој ден се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и како комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Фондот на холокасутот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница одржаа комеморативен настан. Претседателот на Еврејската заедница- Пепо Леви им се обрати на присутните, а Самуел Садикарио , еден од повозрасните членови во Еврејската заедница ги запали шесте меморијални свеќи кажувајќи кадиш - молитва за мртвите.

Традиционално, секоја година на овој ден ја отвораме изложбата од ликовни творби на ученици, учесници во наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Учениците имаа задача да изработат роденденска честитка во која ќе напишат порака до другарче кое било убиено во холокаустот и не ги прославувало своите родендени. Од пристигнатите 29 честитки, жири комисијата ги одбра трите најдобри изработки.

Прво место: Андреа Ресановиќ 9 одд , ООУ Стив Наумов, Битола, ментор - Ана Динковска Божиновска

Второ место: Елени Наумова 9 одд, ООУ Глигор Прличев - Охрид, ментор- Мира Групчева

Трето место: група ученици, Викторија, Филип, Иван, Петар, Ана, Марија, Јован, Христијан 9 одд, ООУ ДЕБРЦА село Белчишта, ментор - Далиборка Симоновска

Изложените честитки можеа да се отворат и да се прочитаат пораките.

Одбележувањето на ЈОМ ХАШОА, заврши со ветување кон жртвите дека тие никогаш нема да бидат заборавени и дека нивното наследство ќе се одржува во вечна меморија.

 


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN