ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2021 ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА : ЕДЕН ЧАС - ONE HOUR


" 1 HOUR "
H- Holocaust museum gives Холокауст музејот дава
O- opportunity (for disabled visitors) можност за
U- unique experience уникатно искуство
R- rare exhibition ретка изложба
Holocaust museum gives Opportunity for disabled visitors and Unique experience with Rare exhibition
Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и оваа година се приклучи кон манифестацијата Европски денови на културно наследство кои беа под знакот на инклузијата на лицата со попреченост, односно активностите беа организирани во рамките на темата „Културното наследство за сите“ или „Инклузивно наследство“. Целта на темата е да се сврти вниманието кон маргинализираните групи. За да ја доближиме нашата постојана поставка до слабовидните и до лицата со оштетен вид, изработивме 10 тактилни слики пропратени со опис на Брајово писмо, фотографија и текст. За секоја секција од нашата поставка подготвивме и видеа на знаковен јазик, аудио приказни и брошури на Брајово писмо, со кои посетителите ќе слушнат и дознаат повеќе информации, без оглед на попреченоста.
Изложбата ја отвори Горан Садикаријо, извршен директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, а присутните ги поздрави Ирена Ружин, член на Бордот на Балканската музејска мрежа и претставник на Македонија во Балканската група за пристапност на музеите. На отворањето присуствуваа членови на националните сојузи на слепи, глуви и наглуви.
Текстовите за изложбата ги подготвија Жаклина Мучева и Лилјана Лазаревска Мешковска, Јове Парговски ги изработи тактилните слики, текстот на Брајова азбука го подготви Андријана Шокларовска, а наратор на видео приказните е Силвана Петрова Насух.
Посетителите за кои беше наменета изложбата со внимание ја проследија изложбата, а потоа ја разгледаа и постојаната поставка. Во иднина се добредојдени и еднакви гости на нашиот Меморијален центар на холокаустот. Договоривме нивна почеста групна посета.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN