БРАНКО ФРИЦХАНД


Во спомен на сите загинати и убиени Евреи во Втората светска војна ви ја пренесуваме приказната за храброста на Бранко Фрицханд при атентатот на Мане Мачков. Текстот за атентатот е превземен од книгата „Скопје во ослободителната војна и револуција 1941-1945“ во издание на Архив Скопје, 1984 година.

Во Втора машка гимназија во Скопје, од септември до ноември 1941 година, бројот на скоевците пораснал од 9 на 22 и тоа само во еден клас, кој инаку броел 37 ученици. Во тоа време Бранко Фрицханд бил секретар на една скоевска група.

Бугарската власт го исклучила Бранко Фрицханд од гимназијата,

без право на упис во учебната 1942-1943 година со обвиненија за идеи спротивни на уставниот ред во земјата.

Бранко Фрицханд се приклучил во 1942 година во една диверзантска група во градот и активно учествувал во вооружената борба преку вршење атентати над непријателските шпиони.

Со него во оваа група биле и скоевците: Трпе Јаковлевски,Кочо Битолјану и Ангел Мијахловски. Така тие на 20 август 1942 година го прават вториот атентат и го убиват злогласниот предавник и крвник Мане Мачков, шпиун на бугарската полиција и слуга на окупаторот.

.....Мачков живееше во Буњаковец, близу до аголот што го сечеа улиците „280“ и „230“. Околу 13 часот се поставивме зад тој агол во улицата „230“ ние тројца - секој имаше револвер, а двајца уште и бомби. Од спротива на другиот агол, беше Михајловски, вооружен само со бомба. Тој го наблјудуваше влезот на куќата во која живееше Мачков, а ние постојано ѕуревме во него за да ни го даде одредениот знак - со десната рака полека да се почеша по косата.... Потоа раскажува Битољану....Помина 3.30 часот - дофрли Бранко Фрицханд, погледнувајќи на часовникот по малку разочаран. Но, во тој момент забележавме како Михајловски педантно преминува со раката преку својата залижана коса. Скокнавме од скалите на еден затворен локал каде што дотогаш седевме и тргнавме кон аголот. Ги извлековме револверите од под појасите. А тогаш слушнавме чекори па ја видовме неговата долга сенка зад аголот, а потоа се појави тој - Мачков. Ми се стори пострашен одошто го познавав. А тогаш- одекнаа истрели и Мачков се струполи на тротоарот со страшен рик. Беше тоа 20 август 1942 година. Партијата го одржа зборот - предавникот ќе биде казнет......

По два дена полицијата веќе ги имала сите податоци за атетанторите.

Набргу уапсиле дваесетина и ги затвориле. Во истрагата биле тешко мачени и претепувани. Главниот организатор на атентатот Перо Наков

бил обесен по неколку дена.Бугарите не се задоволиле со ова, од затворот по некој ден стрелале уште една поголема група патриоти.

Атентаторите бидеjќи биле малолетни добиле казна од 15 години затвор.

Сестрата на Бранко Фрицханд, Злата како ученичка е приклучена во друга група на СКОЈ„чисто“ Еврејска и беа во строга илегалност.

Од членовите на СКОЈ во 1942 година биле уапсени и осудени на робија Шами Мориц, Мориц Романо, Виктор Пардо, Аврам Анаф и Ели Фараџи. Борци во НОПО „Дамјан Груев“ биле од самото формирање: Виктор Мешулам-Бустрик, Јосеф Песо (Пепо), Мордо Тодолано (Спиро). Во одредот „Јане Сандански“ биле борци (1942): Бено Русо (Коки), Мордехај Нахмијас (Лазо), Нисим Алба (Мики), Арон Ароести. Борци во единиците на НОВ од март 1943 биле: Естреја Овадија (Мара), посмртно прогласена за народен херој, Жамила Коломонос (Цвета), Адела Фараџи (Ката), Естреја Леви (Лена), Роза Камхи, Самуел Садикарио (Мо), Сами Садикарио, Алберт Касорла (Берто), Алберт Русо (Кате).

Преживеаните македонски Евреи кои останаа да живеат во Македонија активно се вклучија во народноослободителната борба, давајќи многу истакнати борци и првоборци. Да си спомнеме на генералот Бено Русо, народниот херој Естреја Овадија – Мара. Да се сетиме на првоборците Роза Камхи Русо, Жамила Коломонос – Цвета, на борците Исак Сион, Самоил Мизрахи, Бенјамин Самоковлија, Милан Бахар, Ѓорѓе Блаер, Мешулам Алба, Хаим Леви, Јосеф Песо, Шами Мориц, Арон Ароести, Виктор Пардо, Аврам Анаф, Хаим Садикарио, Бранко Фрицханд, Аврам Садикарио, Ели Фраџи, Мориц Романо и многу други македонски Евреи. Сите тие се вградија во македонската слобода и независност. За тоа сме им вечно благодарни.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN