Ненасилен комуникациски пристап во образованието на возрасните во историските музеи и меморијалните центри – меѓународен проект на Еразмус+ програмата


Полин Музејот на историјата на полските Евреи (Полска), заедно со своите партнери од Меморијалот на Шоа (Франција), Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалот Жанис Липке (Латвија) реализира „Проект за ненасилен комуникациски пристап во образованието на возрасните во историските музеи и спомениците. Целта на проектот, кој се спроведува како дел од програмата Еразмус+, е да се воведе методот на „Ненасилна комуникација“ во секојдневната работа на тимовите кои работат во музеите и меморијалните центри.
„Ненасилна комуникација“ (NVC) е метод развиен од д-р Маршал Б. Розенберг, психолог и активист за мир, во 1960-тите. Целта на овој методот е да го поддржи дијалогот меѓу луѓето и да изгради општества засновани на емпатија, земајќи ги предвид потребите на секој човек. Тоа помага во свесниот избор на зборови да го изразиме она што го чувствуваме и што сакаме, и да ја зголемиме шансата за меѓусебно разбирање.
За време на семинарите, учесниците разменуваат искуства поврзани со тешки ситуации во справувањето со јавноста и практикуваат користење на методот на емпатична комуникација во работата со публиката.
Досега, учесниците во проектот се сретнале двапати. Првиот семинар, со тренерот на NVC, Магдалена Малиновска, се одржа онлајн во јуни 2021 година. Тој главно беше посветен на учење на теоретските основи на „Ненасилната комуникација“ и на нејзино користење во пракса.
По втор пат, со физичко присуство, учесниците во проектот се сретнаа во Париз, во Меморијалот на Шоа, во февруари 2022 година. Под надзор на Карин Дукро, тренер на NVC.
Како дел од проектот, планирани се дополнителни семинари во Рига, Скопје и Варшава. Еден од резултатите на проектот, кој ќе заврши во август 2023 година, ќе биде создавање на конзорциум кој, пак, ќе им помогне на вработените во историските музеи и меморијални центри да го продлабочат своето стручно знаење и да создадат професионална комуникација на европско ниво.
Проектот е кофинансиран од Европската комисија во рамките на програмата Еразмус +.
Забелешка: Поддршката на Европската комисија за објавување на овој текст не претставува одобрување на содржината, која ги одразува ставовите само на авторите, Комисијата не може да биде одговорна за какви било употреба што може да се направи на информациите содржани во него.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN