Се одржа уште еден семинар од проектот ЕДУКОН - „Херитолошки технологии“


Заврши уште еден успешен семинар од проектот „Едукон“ (EduCon), поддржан од Хедли Траст (Headley Trust) од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот, кој се одржуваше во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
Викенд семинарот (28 и 29 мај) беше со наслов „Херитолошки технологии“ на кој своето знаење го пренесоа предавачите Проф. Др. Милица Божиќ Маројевиќ и проф. Д-р Никола Крстовиќ од Србија.
Темата на предавањето и работилницата на проф. Маројевиќ беше: „ Сите за еден, еден за сите: зошто (не) е утопија единството на различностите на културното наследство“. Проф. Крстовиќ зборуваше за „ Манер(изам) на културното наследство или Како да не умрете од досада во „извесноста“ на културното наследство
На семинарот учество зедоа 10 музејски работници, одговорни за културното наследство во матичните куќи.
Менаџер на проектот „Едукон“ е д-р Ирена Ружин, а координатор м-р Жаклина Мучева.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN