Во Белград се одржа трилатерален семинар: ХОЛОКАУСТОТ КАКО ПОЈДОВНА ТОЧКА


40 наставници од Србија, Албанија и Македонија учествуваа на трилатералниот едукативен семинар „Холокаустот како појдовна точка“. Во воведните обраќања на националните координатори и координаторот за меѓународни односи на Memorial de la Shoah, Bruno Boyer, беше истакната важноста на овој вид семинар. Особено беа потенцирани различните историски наративи во земјите од регионот кои многу често продуцираат различни контра-наративи. „Затоа, сметаме дека наставниците имаат должност и обврска постојано да го унапредуваат процесот на образование на младите генерации и да го надградуваат знаењето и разбирањето за сите историски и сегашни аспекти на холокаустот, како најтемен и најтрагичен дел од современата човечка историја“ - истакнаа во своите обраќања.
Агендата на семинарот вклучуваше презентации за педагошки иницијативи и искуства поврзани со холокаустот во трите земји, како и теми за искривување на холокаустот, насилствата и предавставата, соработниците кои го помогнаа холокаустот.
Беа одржани и работилници на кои наставниците активно партиципираа со своите знаења и вештини, а беа презентирани извештаи од наученото од претходниот ден. Учесниците ги посетија концентрационите логори Топовске шупе и Старо сајмиште.
Семинарот беше организиран од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијал де ла Шоа од Париз, со поддршка на ресорните министерства за образование. Овој семинар е продолжение на неколку предходни кои се од исклучителна важност за наставниците кои ја разработуваат темата ХОЛОКАУСТ.

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN