Европски денови на културно наследство


На 25.09.2019 година Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија со своја активност ја одбележа манифестацијата „Европските денови на културно наследство“ кои траат од 23 до 29 септември и оваа година се со темата „ Уметност и забава“. Со проекција на играниот филм „Јазол“ од режисерот Кирил Ценевски публиката имаше можност да се потсети на постар филмски проект кој има своја културна вредност во рамките на филмската продукција на нашата земја. За манифестацијата „Европските денови на културно наследство“, за режисерот Кирил Ценевски и филмот „Јазол“ краток осврт даде Жаклина Мучева.


Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN