Македонска верзија на Препознавање и борба против изобличувањето на холокаустот: Препораки за носители на политики и одлуки


Погрешното карактеризирање и искривоколчување на холокаустот и неговата историја и релевантност, претставуваат навреда за сеќавањата и искуствата на жртвите и преживеаните. Искривоколчувањето на холокаустот го поткопува нашето разбирање за оваа историја и ги „храни“ теориите на заговор, опасните форми на национализам, негирањето на холокаустот и антисемитизмот. Во изминатава деценија искривоколчувањето на холокаустот сè повеќе се зајакнува. Тоа се манифестира на различни начини, кои имаат негативно влијание врз напорите за справување со омразата, и истовремено претставува закана за долгорочната стабилност на релевантноста на холокаустот како тема за заедничко сеќавање.
Од тие причини, неопходно е земјите членки на ИХРА да ја подигнат свеста за искривоколчувањето на холокаустот и да изнајдат подобри можности и начини да се докаже тоа и соодветно да се реагира. Овие насоки и препораки се одраз на мисијата на ИХРА за промовирање на образованието, сеќавањето и истражувањето за холокаустот. Во насока на исполнување на оваа мисија, земјите членки на ИХРА вложуваат напори на меѓународен план за борба против негирањето на холокаустот и антисемитизмот.
Македонската верзија ќе ја најдете на следниов линк: https://holocaustremembrance.com/sites/default/files/2021-08/%D0%9F%D0%A0%D0%95%D0%9F%D0%9E%D0%97%D0%9D%D0%90%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95%20%D0%98%20%D0%A1%D0%9F%D0%A0%D0%90%D0%92%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95%20%D0%A1%D0%9E%20%D0%98%D0%A1%D0%9A%D0%A0%D0%98%D0%92%D0%9E%D0%9A%D0%9E%D0%9B%D0%A7%D0%A3%D0%92%D0%90%D0%8A%D0%95%D0%A2%D0%9E%20%D0%9D%D0%90%20%D0%A5%D0%9E%D0%9B%D0%9E%D0%9A%D0%90%D0%A3%D0%A1%D0%A2%D0%9E%D0%A2%20-%20IHRA.pdf

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN