РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНИОТ КОНКУРС ЗА УЧЕНИЦИ „ХОЛОКАУСТОТ НИЗ ПРИЗМАТА НА ДЕТСКИТЕ ОЧИ“


Изработување на краткометражни документарни филмови на тема „Животот на децата во холокаустот“ учебна 2021/2022
Комисијата се состана на ден 07.05.2022 година и ги прегледа пристигнатите 7 краткометражни документарни филмови на ученици од основните училишта во земјава. Од пристигнатите 7 краткометражни филмови еден воопшто не одговори на зададената тема.
Жири комисија:
Стојан Вујичиќ, режисер и сценарист
Бобан Боцевски, снимател и документарист
Фросина Насковиќ, фотограф и видеограф
Едногласно беа избрани следниве три најдобри творби изработени во оваа техника:
Прво место: 06 „ Втората Светска Војна од очите на децата“ изработено од учениците Виктор Јакимов, Марко Баловски, Лина Јанеку и Дамјан Стојановски
ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје, ментор - Бранка Димевска Коцева
Во видеото интервјуирана е Луција Хелман, преживеана од холокаустот. Во ова видео највеќе се цени вложениот труд на учениците да снимат сопствена содржина по свои сценарио, режија и монтажа, како и тоа да пронајдат и да интервјуираат адекватен соговорник кој меѓу другото зборува за сопственото детство за време на холокаустот.
Второ место: нема
Трето место: Делат 2 видеа
1. 01 „Животот на децата во холокустот“ изработено од ученици од 8 и 9 одделение
ООУ „Методи Митевски Брицо“, село Лозово, ментор Ленче Китанова
2. 05 „Холокаустот низ призмата на детските очи“ изработено од Максим Костадинов, Аналена Барзов, Миа Лапе, Леона Апостолова, Сузана Јашар, Софиа Трајковска, Луиза Гонев Чашуле, Јана Трпчевска
ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, Скопје, ментор Бранка Димевска Коцева
Видеото со број 01 најдобро одговори на зададената тема, преку пишување сопствено автентично сценарио и глума. Се гледа креативната изработка. Сепак големата забелешка за техничките недостатоци не дозволуваат да добие повисока награда.
Видеото со број 05 е снимено во Музејот на холокаустот и е направено со вложување на голем труд, се гледа добрата обмисленост и финалниот продукт технички е најсовршено изведен. Забелешката е што не е разработено повеќе за децата во холокаустот.
Пофалба: 02 „Децата во холокаустот – краток документарен филм“ изработено од ученици Марија Жилеска и Славица Каланоска,
ООУ Дебрца, село Белчишта, ментор Далиборка С. Симоновска
Ова видео е создадено со архивски снимки и фотографии, особено внмателно одбрани да ги прикажат децата. Одлично одговорено на темата, со краток но ефектен текст и смирена музичка позадина. Видео кое буди емоции. Забелешката е за ограничувањето од авторските права на користениот видео и фото материјал, заради кои истото нема да може да се прикачи на интернет страната на музејот ни на социјалните мрежи.
Литературен конкурс на тема: „Детските родендени во војна“
На 06.05.2022 година се состана жири комисијата за оценување на литературните творби од училишниот проект „Холокаустот низ призмата на детските очи“ организиран и реализиран од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Жири комисијата беше во состав: Емилија Блажеска – наставник по македонски јазик и литература од Охрид, Матилда Бајкова – наставник по македонски јазик и литература од Скопје и Жаклина Мучева – претставник од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија.
Во оценувањето комисијата се водеше од оригиналноста на творбите, поврзаноста со темата, адекватноста на изразот спрема возраста, книжевниот стил, како и почитувањето на правописните законитости. Формата на пристигнатите творби беше проза и поезија. Како први три наградени ученички творби комисијата ги избра:
Прва награда: Трајче Бансколиев ООУ"Видое Подгорец-Колешино, ментор Марија Брндевска
Втора награда: Луиза Гонев Чашуле ООУ"Ј.Х.Песталоци Скопје, ментор Ана Георгиева
Трета награда: Калина Граорковска ООУ"Лазо Ангеловски" Скопје, ментор Костадинка Поповска
 
ПРВА НАГРАДА
Детските родендени во време на војна
Дал да останам мирен молкум,
да бидам слеп и глув за сѐ;
ил мојата тажаленка да ја почнам сега :
од минатото нема каде да се бега.
Жолта ѕвезда на животот му пркоси,
кој на себе ја носи,
со неизвесност се коси.
Нема никакви човечки права сал –
изгубил сѐ, сѐ што животот му дал.
Ах, судбино клета, дури проклета,
ти толку далеку ли одлета?
Што човечки животи немилосрдно гореше,
та толку лесно тоа ли беше?
Тоа ли требаше да го стореше?
Толку лесно ли беше,
Роденден едно дете кога славеше?
Наместо торта –
окови на душа да има,
а за подарок страв и болка да прима.
Наместо свеќа да дувне,
солза врела врз неа да падне,
а срцето уште толку да пламне?
Дал желба да биде, сила да се бори,
ил да остане скриен,
во логорот да не изгори,
а подарокот можеби би бил :
спомените што длабоко во душата ги сокрил.
Та, што е криво тоа дете
што е Еврејче по душа,
зар таков живот треба да живее,
зар такви злоби и прокоби да слуша?
Ова зло никогаш да не се повтори!
Расна дискриминација веќе да не постои!
Холокаустот нека само за пример се зема,
а расизмот и геноцидот во светот за миг да ги снема!

Секоја помош од Ваша страна е повеќе од добредојдена.

Донирајте за да продолжиме со успешната работа и едукација

MK EN